сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 80
home Регион

Во близина на Лефкада откриен чамец со околу 30 мигранти, уапсени четворица криумчари

Во близина на Лефкада откриен чамец со околу 30 мигранти, уапсени четворица криумчари

Крајбрежната служба од грчкиот остров Лефкада во морскиот дел во близина на копното, открила чамец со околу 30 мигранти, меѓу кои и шест деца, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Паралелно, биле уапсени и четири лица, со украинско потекло, кои веројатно се криумчари.

Мигрантите биле префрлени на копно, а со помош на локалните власти ќе се спроведат потребните процедури поради мерките за заштита од коронавирусот. (МИА)

Коронавирус