сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 28
Во живо

ВМРО-ДПМНЕ на протест пред Регулаторната комисија за енергетика против поскапената струја

home Регион

Во БиХ нови 160 случаи на зараза со коронавирусот

Во БиХ нови 160 случаи на зараза со коронавирусот

Во Босна и Херцеговина во вторникот се потврдени нови случаи на зараза со коронавирусот, објавија ентитетските заводи за јавно здравство.

По тестирањата на малку помалку од 1.300 лица во изминатите 24 часа, вирусот е потврден кај 83 лица во Република Српска, од кои дури 39 новозаразени од областа на Бијељина, одека во Федерацијата БиХ заразата е потврдена кај 77 лица.

Во Република Српска пријавени се и три нови смртни случаи поврзани со заразата од коронавирусот, а починале два мажи и една жена во поодмината возраст.

Вкупниот број лица кај кој во БиХ е потврдена заразата на коронавирусот, од којавата на болеста Ковид-19 во март до вторникот, е близу 4.500, а пријавени се и 199 смртни случаи поврзани со оваа болест.

Властите во БиХ наложија нови мерки чијашто цел е да се оневозможат масовни собирња. Во затворени простори сега може да престојуваат заедно најмногу 50 лица, задолжиелно е користењето заштитни маски и се препорачува строго почитување на физичката дистанца.

Коронавирус