понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 155
home Регион

Во Белград пристигнаа донираните руски тенкови

Во Белград пристигнаа донираните руски тенкови

Авиони со донираните тенкови од Русија почнаа да слетуваат на аеродромот Батајница во Белград.

Руската Федерација и донираше на Србија 30 тенкови Т-72МС на Србија, а првите се веќе испорачани.
Како што изјави поранешниот министер за одбрана, Александар Вулин, Србија тенковите Т-72 ги доби како донација во рамките на воено-техничкиот договор постигнат меѓу претседателите Александар Вучиќ и Владимир Путин.

Како дел од овој договор, Србија покрај овие тенкови од Русија доби и други оклопни возила, 30 оклопни возила БРДМ-2, од кои некои веќе се пристигнати во Србија.

И тенковите и БРДМ се модернизирани пред да и бидат доставени до Војската на Србија.

Рускиот воен експерт Фјодор Болдирев оцени дека тенковите Т-72 што ги доби Србија „имаат заедничка база на советскиот Т-72, но и неколку заеднички нови компоненти и агрегати од руско производство, што ќе ја олесни заедничка експлоатација во Србија“.

– За условите на Балканот на Србија не и требаат посовремени тенкови, имајќи ги предвид слабостите на армиите на соседните земји“, изјави Болдирјов за Спутник.

Како дел од воено-техничката соработка, Србија набави и авиони МиГ-29, хеликоптери Ми-17 и Ми-35 и системи за против-воздушна одбрана „Панцир“.

Коронавирус