вторник, 22. јуни 2021. Вести денес: 44
home Регион

Во Атина воведен строг карантин

Во Атина воведен строг карантин

Од утрово, во шест часот стапија на сила нови поограничувачки мерки во областа Атика, поширокиот регион во Атина, што значи строг карантин во траење од 17 дена, што го најави премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис, пред два дена.

Продавниците, фризерските и салоните за убавина од денес се целосно затворени, а се укинува и услугата „клик авеј“, што им овозможуваше на граѓаните да нарачуваат и да ги подигнуваат потребните производи или да закажат термин за да одат во продавница.

Основните и средните училишта во Атина се враќаат на онлајн настава, а градинките ќе бидат затворени.

Полицискиот час е сè уште во сила од 21 до шест часот од понеделник до петок, а за време на викендот од 18 часот граѓаните можат да се движат само со претходно испратена СМС-порака.

ЕУРО 2020

Македонија