петок, 25. септември 2020. Вести денес: 169
home Регион

Во Албанија за еден ден регистрирани 141 новозаболени лица Ковид-19

Во Албанија за еден ден регистрирани 141 новозаболени лица Ковид-19

Во Албанија и понатаму негативни рекордни бројки на новозаразени во едно деноноќие односно регистрирани се 141 случаи на Ковид-19, што е највисока бројка до сега, од појавата на пандемијата во првите денови од месец март.

– Во изминатите 24 часа, од направените 625 тестови на сомнителни случаи, позитиивен резултат е добиен кај 141 од нив, што е највисока бројка до сега. Во исто време битката со опасниот вирус ја добија 72, а ја изгубија три лица, изјави Ровена Даја од албанскиот Институт за јавно здравје.

Таа додаде дека од почетокот на месецов зголемен е и бројот на направени тестови, што во претходниот период бил во просек по околу 400 тестови дневно.

-До сега направени се вкупно 47.676 тестови, позитивен резултат е добиен кај 6.917, излекувани се 3.552, а за жал починаа 208 луѓе, а активни на болеста се 3.057 лица. Во двете ковид болници се третираат 116 пациенти, од кои 24 се во тешка здравствена состојба, додаде д-р Даја. (МИА)

Коронавирус