петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 157
home Регион

Во Албанија вонредната состојба продолжена до 23 јуни

Во Албанија вонредната состојба продолжена до 23 јуни

Албанскиот Парламент со 91 глас „за“ ја усвои одлуката со која вонредната состојба во земјата, поради пандемијата со коронавирусот, се продолжува до 23 јуни.

„Се дава согласност за продолжување на вонредната состојбата поради природна непогода, прогласена со решение бр. 243, од 24.03.2020 година на Советот на министри до 23.06.2020 година“, се наведува во донесената одлука,за која гласаа и пратениците од опозицијата.

Од присутните пратеници петмина беа против додека тројца воздржани.

Пред да влезат во собраниската сала на пратениците им беше мерена телесна температура,носеа заштитни маски и ракавици а поради одржување социјална дистанца беа распоредени и во собраниските галерија и ложите, кои обично се за
странските дипломати или високи гости.

Денешната седница се одржа без присуство на новинари а право да ја пренесува имаше само државната радио телевизија.

Владата, вонредна состојба, поради „природна непогода“ на целата територија на земјата, прогласи на 24 март и тоа за период од 30 дена.

Според денес соопштените податоци од Министертвото за здратсво и социјална заштита,во земјата дијагностицирани со „Ковид-19“ се 663 лица, оздравени 385, додека починати 27 лица. Албанската влада во исто време најави дека ќе почне со олеснување на рестриктивните мерки, доколку состојбата со заразата продолжи да биде стабилна.

Локални избори 2021