петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 84
home Регион

Во Албанија во поразлични услови од порано се одбележува Божиќ

Во Албанија во поразлични услови од порано се одбележува Божиќ

Католичките и православните верници во Албанија, Христовото раѓање – Божик, еден од најголемите христјански празници, го одбележуваат во многу поразлични услови од претходно,условено од пандемијата и ограничувачките мерки за движење.

Синоќа,се одржа богослужба во Соборниот храм „Свети Павле“ со многу помал број верници. Со неа чиноначалствуваше Архиепископот на Православната црква, Анастас Јанулатос,кој деновиве од Грција,каде беше на лекување, се врати во Тирана по добиената битка со опасниот коронавирус.

Тој повика за овој Божиќ да се избегнат масовни собирања, да се слави само во потесниот круг на семејството за да се спречи ширење на пандемјата.Посака мир, благосостојба и со божја помош надминување на пандемијата со која се соочува целиот свет.

Поголемиот број од православнте верници Божик го слават на 25 декември, додека останатите верници,неѓу кои и Македонците на 7 јануари.

Во присуство на мал број верници и почитување на порепораките за заштита се одржа и мисата во катедралата „Воскресение Христово“,што ја одржа првиот човек на Католичката црква во Албанија, монсињор Џорџ Френдо,кој исто така деновиве се врати од Италија, каде беше на лекување од коронавирус.

Поради полицискиот час што од синоќа почнува во 20:30 и трае до 6:00 часот наутро, службите во двете цркви во Тирана но и во сите делови на земјата се одржаа порано од претходно,кога тие почнуваа во 22:00 часот.

Улиците низ градовите во текот на ноќта беа празни,но слаба раздвиженост има и во текот на денов.Честитки до верниците упати државниот врв,како и лидери на политички партии. (MИА)

Коронавирус