недела, 9. мај 2021. Вести денес: 63
Во живо

ВМРО-ДПМНЕ го одбележува Денот на победата над фашизмот

home Регион

Во Албанија викендов пристигнуваат уште 90.800 вакцини преку Ковакс системот

Во Албанија викендов пристигнуваат уште 90.800 вакцини преку Ковакс системот

Албанскиот премиер, Еди Рама, најави дека претстојниов викенд во земјата ќе пристигнат 90.800 вакцини „АстраЗенека“, преку Ковакс системот.

Преку објава на Фејсбук Рама нагласи дека „Албанија ќе продолжи да останува на првите места од европската класификација за брзината на вакцинирање и ќе ја надминеме целта од 500 илјади вакцинирани до мај“.

„Кога ќе се справиме со последиците со земјотресот и од пандемијата, како не би можеле да обезбедиме силен економски раст во сончевите години пред нас! Нашиот карактер беше тестиран во две големи трагедии и нашата заедничка сила ќе продолжи да ги прави можни дури и најтешките достигнувања. Верба, трпеливост, единство и деноноќна работа“, напиша Рама.

Според министерката за здравство Огерта Манаситрлиу од најавените 90.800 в сабота ќе пристигне пратка со 40.000 вакцини.

-Продолжуваме со масовната вакцинација на населението на возраст над 60 години кои се хронично болни, а од вчера почна и при крај е вакцинацијата на лицата на дијализа или оние кои имале оперативен зафат за трансплантација, рече Манастирлиу.

Досега во Албанија пристигнати се 396.560 дози вакцини, а владата има договор за набавка на повеќе од 2,1 милион дози, половина од нив од кинеско производство.

Имунизацијата почна на 11 јануари и до денеска се опфатени околу 305 илјади лица.

Коронавирус