понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 156
home Регион

Во Албанија починати 17 лица од Ковид-19 и 705 новозаразени за 24 часа

Во Албанија починати 17 лица од Ковид-19 и 705 новозаразени за 24 часа

Продолжува високата бројка на новозаразени и почнати во Албанија и во последното деноноќие.

-Од вкупно направените 2.186 тестови, опасниот врус е потврден кај 705 лица, што е 32,2 отсто од тестраните, со што вкупната бројка на заразени од почетокот на пандемијата се зголеми на 39.719 од вкупно направените 194.806 тестови.Во исто време битката со опасниот вирус ја загубија 17 пациенти или 839 до сега, информираше Министертвото за здравство и социјална заштита.

Се додава дека во списокот на оздравени се впишани 528 односно 19.912 од вкупно заразените. Активни на болеста се 18.968, од нив во четирите ковид болници хоспитализирани се 484. Поголемиот процент од активно болните се лекуваат во домашни услови, додека дел амбулантски.

Во текот на денов Комитетот на експерти за справување со пандемијата соопшти дека поради влошената епидемиолошка состојба продолжуваат ограничувањата, меѓу кои и полицискиот час од 22:00 до 6:00 часот, забраната за какво било партиски и празнични собирања, а домашни веселби и погреби да бидат само во тесен круг на семејството.

Во меѓувреме здравствени експерти побараа да се зголеми бројот на тестовите и проширување на ограничувачките мерки.

-Неопходно е зголемување на активностите за тестирање не само за оние кои покажуваат клинички знаци, туку и за асимптоматските, следејќи ги контактите затоа што со тоа ќе го спречиме вирусот. Пандемијата е сериозна и може да предизвика до 15 илјади смртни случаи во Албанија до крајот на циклусот, сметаат тие.

Затоа, препорачуваат тие, мора да се преземат дополнителни ограничувачки мерки за да се спасат животи, меѓу кои и затворање на училиштата и угостителските објекти.

Коронавирус