недела, 29. март 2020. Вести денес: 30
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Регион

Во Албанија нови 28 случаи со Ковид-19, бројот на заразените 174 лица

Во Албанија нови 28 случаи со Ковид-19, бројот на заразените 174 лица

Во Албанија дијагностицирани се нови 28 случаи со  Ковид – 19 со што бројката на заразени е зголеми на 174 лица,од нив четири се деца.

-Во последните 24 часа направени се 103 тестови,при што „Ковид19“ е дијагностициран кај 28 лица. До овие моменти тестирани се вкупно 1.114 лица а позитивни се 174 лица. Во Инфективната клиника хоспитализирани се 73 пациенти, тројца од нив се на интензивна терапија, додека двајца се интубирани. Останатите засега се во стабилна состојба, информираше Еугена Томини, од Институтот за јавно здравје.

Од вкупниот број, четири позитивни случаи се деца кои се заразиле при контакт со веќе болни лица.Децата се без клинички знаци и се во добра здравствена состојба.

Томини додаде дека до сега од коронавирус починале шест лица, додека 14 се излекувале.

Мапата на заразени се прошири во северниот град Тропоја,каде се дијагностцирани два сучаи, а станува збор за сопружници.

Најголем број од заразените се во Тирана или 102 лица,во Фиер 18, Корча 11, Драч 10, Валона и Елбасан по пет,Љушња,Каваја и Лежа по 4, Скадар 3,Рогожина, Хас и Тропоја по две и Круја и Берат по едно лице.