петок, 28. февруари 2020. Вести денес: 2
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Регион

Во Албанија лани во сообраќајни несреќи животот го загубија 227 лица

Во Албанија лани во сообраќајни несреќи животот го загубија 227 лица

Високото ниво на „данок во крв“ што го земаат албанските патишта забележан е и во текот на минатата година. Според албаскиот прв полицаец Сандер Лешај, бројот на загинатите во сообраќајни несреќи е петпати повисок од криминалните убиства.

-Во 2019 година во сообраќајни несреќи во земјата животот го загубија 227 албански државјани што е речси петпати повисока бројка од бројот на загинати од криминал во Албанија. Целиот криминалитет во земјата произведува околу 50 смртни случаи годишно, што е голем пад споредено со минатото, истакна Лешај.

Генералнот дректор на полицијата, Арди Велиу, направи споредба со развиените европски земји.

-Има земји од ЕУ кои имаат помал морталитет од нашата, како Германија со 38, Чешка со 54, Италија со 56, Грција со 69 и Летонија со 70, истака Велиај.

Високите полициски функционери најавија дека ќе побараат измени на мерките против возачите кои го кршат правилата во сообраќајот со претекнување или разговор на телефон. Ова се должи на бројот на несреќи каде како причина се јавуваат овие две прекршувања на сообраќајните правила.

Според Велиу потребно е мерката за користење на телефон да се третира идентично како и неупотребата на сигурносен појас.