понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 150
home Регион

Во Албанија евидентирани 17 новозаразени лица со коронавирус

Во Албанија евидентирани 17 новозаразени лица со коронавирус

Во Албанија во последното деноноќие регистринани се 17 новозаразени лица со Ковид-19, што е за седум случаи повеќе споредено со вчера. Според Албана Фицо, директорка на Институтот за јавно здравје, со ново дијагностицираните вкупниот број на заразени се зголеми на 820 лица.

– Во последните 24 часа извршени се 140 тестирања на сомнителни случаи, при што позитивен резултат има кај 17 од нив. Од почетокот на пандемијата до сега направени се 9.146 тестови, позитивни се 820, а оздравеле 70 отсто од нив. Додека 219 лица се со лесна форма на болеста и се лекуваат во домашни услови, информираше Фицо.

Таа додаде дека во Инфективната клиника и во болницата „Шефќет Ндроќи“ се 38 пациенти, од кои осум се на интензивна терапија.

Фицо наведе дека епидемиолошката состојба се следи со посебно внимание од сите здратсвени структури и апелираше до граѓаните да продолжат да ја почитуваат социјалната дистанца, да ја одржуваат личната хигиена, а за бизнисите кои почнаа со работа строго да ги почитуваат мерките за безбедност.

Коронавирус