петок, 6. август 2021. Вести денес: 0
Вонредна вест

ЦРНА СТАТИСТИКА ВО МАКЕДОНИЈА: Од коронавирус починаа 4 лица, 219 новозаразени

home Регион

Во Албанија денеска завршува вонредната состојба

Во Албанија денеска завршува вонредната состојба

Во Албанија денеска на полноќ завршува вонредната состојба поради „природна непогода“ прогласена заради пандемијата со Ковид-19.

Во директната комуникација преку Фејсбук, министерката Огерта Манастирлиу рече дека завршувањето на вонредната состојбата нема да ја намали подготвеноста во справувањето со опасниот вирус, бидејќи „земјата продолжува да биде во состојба на епидемија“.

-Доколку има зголемување на случаите на интензивна терапија, повторно ќе ја отвориме болницата Ковид2, односно поранешниот санаториум, а во следното сценарио, ако бројките ги надминуваат овие капацитети, ќе се премине во карантин болницата Ковид 4,која е на автопатот Тирана-Драч, рече министерката.

Додаде дека Техничкиот комитет на експерти за справување со пандемијата, донесол одлука за воспоставување на градскиот и меѓуградскиот јавен превоз, врз основа на предвидените протоколи и упати апел за почитување на мерите за заштита.

-Како што знаете, епидемиолошката состојба во земјава има зголемен тренд, во последните неколку недели, како во однос на зголемениот број на позитивни дневни случаи, така и хоспитализирани во клиниката за Инфективни болести. Повторно апелирам да се подигне свеста кај сите вас, одржување на физичкото растојание,носење заштитни маски, одржување на лична хигиена, избегнување групирања и собири ,порача Манастирлиу.

Албанската Влада вонредната состојба ја прогласи на 24 март поради „природна непогода“ на целата територија на земјата и тоа за период од 30 дена, односно до 25 април.

По барање на Владата албанскиот законодавен дом на 23 април одлучи вонредната состојба во земјата да продолжи до 23 јуни. Тогаш Албанија броеше 634 заразени лица, а според денешните податоци има 2.047 лица. (МИА)

Коронавирус