петок, 4. декември 2020. Вести денес: 18
home Регион

Во Албанија 18 новозаразени со „Ковид-19“

Во Албанија 18 новозаразени со „Ковид-19“

Во Албанија се регистрирани 18 новозаразени со коронавирус,со што вкупната бројка се зголеми на 277 лица.

-Во последните 24 часа се тестирани 96 сомнителни случаи, при што 18 се потврдени. До денес, тестирани се 1.919 сомнителни случаи, позитивни со „Ковид-19“ се 277 случаи, од нив осум се деца. Просечната возраст на заразените е 50 години. Добра вест е дека во последните 24 часа имаме девет излекувани пациенти или вкупно 76 лица, изјави Ровена Даја од Институтот за јавно здравје.

Според неа, претпладнево починал 78-годишен маж од Драч, со што бројот на починатите се зголемил на 16 лица.

Во Инфективната клиника во Тирана хоспитализирани се 81 пациент, од кои осум се на интензивна нега, додека четворца од нив се интубирани. Останатите пациенти се во стабилна состојба

Коронавирус