среда, 17. јули 2019. Вести денес: 116
home Регион

Внимание! Отровна риба во Егејско море, никако да не се јаде!

Внимание! Отровна риба во Егејско море, никако да не се јаде!

Популациите на рибата од видот lagocephalus sceleratus, попозната како „риба со сребрени образи“значително проширени во Егејското море и Медитеранот, пренесува „Катимерини“. Морските биолози алармираат дека оваа риба никако не смее да се јаде, оти одредени делови од нејзиното тело се отровни за човекот.

Во литературата се опишува како “високо токсична”. Таа е жител на водите од Индискиот океан, а во Медитеранот се префрлила преку Суецкиот канал.

Во нејзините јајници, кожа, црн дроб и во месото содржи „тетродотоксин“, со кој се заштитува од грабливците. Ако се внесе во организмот на човекот доведува до парализа на одредени мускули, вклучувајќи го и срцевиот, како и мускулите од системот за дишење.

Според Нота Перистенаки, истражувач во Грчкиот центар за морско истражување, присуството на рибата за прв пат е забележано во 2003 година кај Турција, додавајќи дека нејзината миграција се должи на климатските промени и зголемувањето на температурата на морињата. Вознемирувачки за биолозите е фактото што ниту еден нејзин природен непријател не ја следел до Средоземното море, така што овој вид може непречено да опстане.

Извор: alsat-m.tv