понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 164
home Регион

Винченцо Дел Монако нов шеф на Мисијата на ОБСЕ во Албанија

Винченцо Дел Монако нов шеф на Мисијата на ОБСЕ во Албанија

Амбасадорот Винченцо Дел Монако од Италија е новиот шеф на Мисијата Организацијата за безбедност и соработка, ОБСЕ во Албанија.

Италијанскиот дипломат го заменува Германецот Бернд Борхард кој мисијата на ОБСЕ ја предводеше во период од 2016 до 2020 година.

Дел Монако служел 23 години во италијанската дипломатска служба, бил амбасадор на Италија во Ерменија и во Црна Гора. Служел и во Пекинг, Брисел, во постојаното претставништво на Италија во ЕУ и во кабинетот на поранешниот италијански претседател Наполитано.

Дипломирал како најдобар на Правниот факултет на Универзитетот Ла Сапиенца во Рим, магистрирал во Бриж.

Амбасадорот Дел Монако е одликуван со Орден за заслуги на Република Италија, орден од Францускиот Лежион д’Хоннер и орден на знамето на Црна Гора.

Зборува италијански, англиски и француски јазик. Тој е оженет и има три деца.

Мисија на ОБСЕ за првпат во Албанија пристигна во 1997 година а ја предводеше Дан Евертс од Холандија.

Коронавирус