Албанија рано утринава беше погодена од серија земјотреси од кои најсилниот со јачина од 6,4 степени.
Билансот од земјотресот до сега како што известуваат тамошните медиуми е 7 загинати, над 300 повредени и е причинета голема материјална штета.
Во меѓувреме „БалканВеб“ пренесува дека целосно се срушил хотел на пет ката. Станува збор за хотелот „Мира Маре“, а медиумите јавуваат дека во него имало 4 лица за кои се претпоставува дека се под уранатините.