петок, 20. мај 2022. Вести денес: 152
home Регион

ВИДЕО: Вучиќ гласаше на референдумот: Ние сме со нашиот народ

ВИДЕО: Вучиќ гласаше на референдумот: Ние сме со нашиот народ

Претседателот на Србија Александар Вучиќ утринава гласање на републичкиот референдум за промена на Уставот во делот на правосудството, пренесе Б92.

По гласањето, Вучиќ изјави дека Србија ја видела загриженоста на Србите на Косово и дека одлуката на Приштина ќе има далекусежни последици.

„Ние сме со нашиот народ од Косово и Мњтохија и секогаш ќе бидеме со нив“, рече Вучиќ.

Србите од Косово за денеска напладне најавија протести во повеќе градови и села во кои тие се мнозинство, поради резолуцијата на косовскиот Парламент, со која им се забранува да гласаат во своите средини на денешниот референдум кој се организира во Србија.

Покрај ова, во најавите за протестите се вели и дека граѓаните од српска националност ќе го изразат својот револт и од одлуката на Белград да се согласи на де факто забраната што ја изрече косовскиот Парламент. Српските власти и Републичката изборна комисија соопштија дека Србите од Косово својот глас ќе можат да го дадат во неколку блиски градови кои се наоѓаат на територијата на Србија: Рашка, Нови Пазар, Прокупље и Врање.

Коронавирус