понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 0
home Регион

ВИДЕО: Воислав Шешељ предизвика инцидент

ВИДЕО: Воислав Шешељ предизвика инцидент

Лидерот на српските радикали, Воислав Шешељ со автомобил ги „туркаше“ пратениците на Двери.

Пред почетокот на седницата на која српскиот претседател Александар Вучиќ зборува за Косово, пред Парламентот се случи инцидент кога возило со претседателот на Српската радикална партија Шешељ, ги „истурка“ пратениците на Двери кои дојдоа пред Парламентот да го „дочекаат“ претседателот Вучиќ.

Како што јави дописникот на МИА, автомобилот на Шешељ „ги истурка“ пратениците на Двери и нивниот транспарент на кој пишуваше „Денес предавство – утре робија“, а откако автомобилот запре, Шешељ излезе и почна да го навредува лидерот на Двери Бошко Обрадовиќ и од својот возач побара да ги прегази со автомобилот.

Лицето кое беше со Шешељ ги туркаше пратениците на Двери, а неговиот возач со безбол палка го удри членот на претседателството на Двери Југослав Кипријановиќ. Малку недостасуваше да дојде до инцидент и со луѓето од обезбедувањето на собранието кои се обидоа да ја смират ситуацијата.

Откако Вучиќ пристигна во парламентот, пратениците на Двери му извикуваа „предавство, предавство“, додека пратениците на Српската напредна партија (СНС) направија жив ѕид помеѓу него и опозицијата.

Коронавирус