среда, 16. јуни 2021. Вести денес: 137
Во живо

ВО ЖИВО: 31 година ВМРО-ДПМНЕ „Македонија за сите луѓе“

home Регион

ВИДЕО: Вељко Беливук уапесен во Белград, хеликоптери и оклопни возила учествувале во апсењето

ВИДЕО: Вељко Беливук уапесен во Белград, хеликоптери и оклопни возила учествувале во апсењето

Утрово во Србија уапсени се Вељко Беливук познат под прекарот Веља Невоља, и Марко Миљковиќ. Според неофицијални пишувања на дел од белградските медиуми, како причина за апсењето на Беливук се наведува планирање на ликвидација на Милан Лепоја, член на групата „Пинк Пантер“.

Беливук во српската јавност е познат и како водач на навивачката група „Јаничари“, подгрупа на навивачите на Партизан, што подоцна беше преименувана во Приниципи. Тој ја презеде групата по убиството на Александар Станковиќ, алијас Сале Мутави, во близина на Централниот затвор во 2016 година, пренесува Н1.

На Беливук му се судеше и за помагање во убиството на Властимир Милошевиќ во јануари во 2017 година, но подоцна беше ослободен од обвинението.

Претрес на стадионот на Партизан

Претпладнево се врши претрес и на стадионот на Партизан, во една од просториите на јужната трибина што ја користеле Беливук и членовите на неговата група. Според оперативни сознанија, можно е во нив да има оружје и уште некои траги што би можеле да се искористат во истрагата. Порталот курир.рс пишиува и за силно полициско присуство околу јужната и западната страна на стадионот во „Хумска“.

Ноќеска, пак, како што објавуваат српските медиуми, биле приведени уште 14 лица кои се осомничени за здружување за извршување на тешки казнени дела, меѓу кои киднапирања и убиства.

Сите приведени се членови на организирана криминална група која важи за една од најсилните во регионот и блиска до криминална група од Црна Гора.

Беливук и Миљковиќ беа уапсени, па пуштени на 29 јануари

Претреси се вршат на уште 30 локации, а пред реализација на акцијата биле прибавени материјални докази поради што се уапсени 16 лица за кои е одреден притвор во траење до 48 часа.

Беливук и Миљковиќ беа приведени на белградскиот аеродром на 29 јануари по слетување од Црна Гора, меѓутоа по нивното неколкучасовно испрашување беа пуштени на слобода, пренесува блиц.рс.

ЕУРО 2020

Македонија