сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 91
home Регион

ВИДЕО: Уапсен убиецот на Србинот Страхиња – снимено како полицијата упаѓа во неговиот стан

ВИДЕО: Уапсен убиецот на Србинот Страхиња – снимено како полицијата упаѓа во неговиот стан

Српската полиција го идентификуваше убиецот на Страхиња Стојановиќ, а како што дознава Курир.рс, станува збор за 50-годишниот Миливоје Л. од Градишка.

Тој има српско и босанско државјанство.

Миливоје ѝ е познат на полицијата од претходно.

Пред повеќе од 20 години бил апсен поради подметнување на експлозиви во куќа на подрачјето на Бања Лука, како и поради претепување на бизнисмен.

Минатата година неговото име повторно се појавило кога на улица пукал со два пиштоли, а потоа снимката ја објавил на социјалните мрежи. Тогаш го славел раѓањето на внукот.

Инаку Миливоје е наводно сопственик на угостителски објекти во Градишка.

Стојановиќ беше убиен минатата недела во експлозија на неговиот автомобил во Нов Блград, кога со него била неговата партнерка, државјанка на Колумбија, Соња.

Припадници на полицијата, во соработка со Вишото јавно обвинителство, го уапсиле Миливоје во стан во Белград.

Коронавирус