среда, 23. октомври 2019. Вести денес: 77
home Регион

Турската армија наскоро влегува во Сирија (ВИДЕО)

Турската армија наскоро влегува во Сирија (ВИДЕО)

„Турската армија, заедно со Слободната сириска армија, наскоро ќе ја премине турско-сириската граница“, рече Алтун, директор за комуникации во турското претседателство.

Во авторски текст за Вашингтон пост тој ја повика меѓународната заедница да застане зад Анкара.

Според него, Турција сака да ги „неутрализира“ сириските курдски борци во североисточна Сирија и „да ги ослободи локалните жители од јаремот на вооружените разбојници“.

Анкара ги смета курдските борци во Сирија, кои се бореа со американските сили против Исламска држава, за терористи блиски до забранетите курдски движења во Турција.