недела, 22. септември 2019. Вести денес: 92
home Регион

ВИДЕО: Тешка несреќа во Белград- четиригодишно девојче и дадилка прегазени од „ауди А6“

ВИДЕО: Тешка несреќа во Белград- четиригодишно девојче и дадилка прегазени од „ауди А6“

Девојче било примено на детската клиника во Белград каде му биле констатирани тешки телесни повреди опасни по живот, односно фрактура на черепот.

Четиригодишното девојче било тешко повредено откако било прегазено од автомобил кој се движел наназад.

Девојчето било во придружба на дадилката и заедно преминувале улица, а неколку минути подоцна било примено на детската клиника во Белград со тешки повреди.

За случајот била известена и полицијата. Брзо бил идентифкуван автомобилот кој го прегазил детето, кој имал оштетување на задната страна и возачот, 22-годишниот Милан Ш.

Тој бил сослушан по налог на Второто јавно обвинителство поради тешко дело против безбедноста на јавниот сообраќај и против него била поднесена кривична пријава.