понеделник, 17. февруари 2020. Вести денес: 0
home Регион

(ВИДЕО) Страшна несреќа: 15 загинати и 27 повредени во Бугарија откако се преврте автобус со туристи

(ВИДЕО) Страшна несреќа: 15 загинати и 27 повредени во Бугарија откако се преврте автобус со туристи

Најмалку 15 луѓе загинаа а 27 се повредени кога туристички автобус се превртел на автопат недалеку од Софија, соопштија бугарските власти. На лице место загинале 13, а двајца на пат кон болница. Несреќата се случила на 20 километри северно од Софија.

Според информациите од бугарските медиуми, автобусот од засега непознати причини удрил во неколку автомобили, се превртел и паднал во клисура. Поради инцидентот, сообраќајот е во прекин.

Четири болници во главниот град се мобилизирани за да ги примат повредените лица. Полицијата соопштила дека автобусот превезувал туристи кои оделе на викенд патување во блиските одморалишта.

Повредените се хоспитализирани, а некои се во критична состојба, изјавиле медицински лица.