понеделник, 16. септември 2019. Вести денес: 0
home Регион

(ВИДЕО) Србинка киднапирана среде бел ден во Италија

(ВИДЕО) Србинка киднапирана среде бел ден во Италија

Полицајците киднапираната Србинка ја пронашле во црн „фолксваген“, везана со кабли и конопи.

Се обидоа да ме задават, ме зграбија за врат и ме одвлекоа до комбето, раскажала за полицајците 35-годишната Србинка која беше киднапирана од тројца Германци во центарот на Торино.

Филмското киднапирање со црно комбе и маскирани киднапери се случило во средата претпладне на плоштадот Сан Карло пред бројни сведоци, а жртвата била спасена набрзо откако минувачите алармирале до полицијата да побрза по комбето.

Полицајците ја пронашле во црно комбе, а со неа биле тројца киднапери кои биле уапсени додека се обидувале да се притаат на блискиот приватен паркинг.

Кај 35-годишната жена биле пронајдени 2.700 евра, што тамошните истражувачи го сметаат за исклучително сомнително, со оглед на тоа дека Србинката рекла дека во градот дошла туристички.