петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 0
home Регион

ВИДЕО: Со автомобил пробил заштитна ограда и од мостот паднал на пруга- страшна глетка во Јагодина

ВИДЕО: Со автомобил пробил заштитна ограда и од мостот паднал на пруга- страшна глетка во Јагодина

Непознат маж на млади или средни години, излетал со автомобил од марката „цитроен Ц5“ пробивајќи ја заштитната ограда на надвозникот кај Јагодина. Несреќата се случила синоќа нешто пред 21 часот.

Мажот, под непознати околности, при голема брзина ја пробил заштитната ограда во должина од неколку метри и излетал од мостот директно на пруга.

Автомобилот е целосно уништен, но како што пишува порталот „Инфоцентрала“ мажот е жив, но со голема траума. Како што пишува овој портал, мажот бил во преголем шок, што на докторите не можел да им каже што се случило.

Момчето е во тешка состојба и префрлено е на снимање во Општата болница во Чуприја.

Коронавирус