петок, 22. март 2019. Вести денес: 109
home Регион

ВИДЕО: Силно невреме во Хрватска со град, снег и грмотевици

ВИДЕО: Силно невреме во Хрватска со град, снег и грмотевици

Во Хрватска денеска дојде до промена на времето, а бура, грмотевици и град го погодија хрватското крајбрежје, додека пониските предели ги зафати и снег.

Денешните прогнози покажуваат дека во Хрватска покрај намалувањето на температурата дождот постепено ќе преминува во снег, а на брегот е вклучен дури и црвен метеоаларм.

Долж крајбрежјето врнело дожд, имало и појава на град, бура, но и снег, а регистрирани се и голем број удари од гром.

Во Горски котор дождот преминал во снег и формирал снежна покривка.