петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 183
home Регион

ВИДЕО: Пробиени барикадите во селото Зупче, пукањето продолжува, ранети двајца Срби, Вучиќ испрати војска на границата

ВИДЕО: Пробиени барикадите во селото Зупче, пукањето продолжува, ранети двајца Срби, Вучиќ испрати војска на границата

Како што неофицијално дознаваат Новости во општината Зубин Поток во моментов е најтешка ситуацијата. Барикадите што Србите ги поставиле кај селото Зупче се пробиени.

Припадниците на специјалната единица РОСУ, кои рано утрово почнаа апсења на северот на Косово, во општините каде што Србите се мнозинство, сега, според белградскиот весник се движат кон селото Варага.

Танјуг објави дека двајца Срби се полесно повредени во престрелката од утринава, кога припадници на РОСУ дошле во атарот на селото Долна Варага во општина Зубин Поток.

Како што потврди полициски службеник од местото на настанот, пукањето сè уште трае.

На лице место дошле 15 оклопни возила на РОСУ и ФИТ, кои фронтално се распоредени кон селото Долна Варага и кон Зубин Поток, магистралниот пат и уништиле мала импровизирана барикада, што на патот утринава е поставена од уплашеното население.

Коронавирус