петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 21
home Регион

(ВИДЕО) Пратеници со скафандери влегоа во бугарскиот Парламент

(ВИДЕО) Пратеници со скафандери влегоа во бугарскиот Парламент

Пратениците од партијата „Волја“, Веселин Марешки и Кристина Таскова во Парламентот се појавија со заштитна облека, а пратениците од Бугарската социјалистичка партија побараа нивно отстранување со образложение дека дополнително ја влошуваат ситуацијата.

Марешки истакна дека сите бугарски пратеници треба да преземат мерки против новиот корона вирусот со цел да се заштитат себе си, своите блиски и бугарскиот народ.

Тој додаде дека „бугарскиот Парламент не треба да се претвори во центар на заразата“.

Во Парламентот се преземаат сите санитарни мерки, сите пратеници се со маски, а говорницата постојано се чисти.

-Правиме тоа што можеме, но не можеме да ја запреме работата на бугарскиот Парламент, изјави претседателката на Парламентот, Цвета Карајанчева.

Коронавирус