вторник, 22. јуни 2021. Вести денес: 25
home Регион

ВИДЕО од апсењето на Вељко Беливук и неговата екипа

ВИДЕО од апсењето на Вељко Беливук и неговата екипа

Апсењето на Вељко Беливук, попознат како Веља Невоља и неговата криминална група, која по бруталноста на злосторствата и начинот на организирање многумина ги споредуваат со озлогласениот „Земунски клан“ во изминатите неколку дена е тема број еден во Србија.

Една од најобемните полициски акции извршени во последните 18 години во која падна криминалната организација скриена зад навивачката група „Принципи“, за која постои сомневање дека контролира добар дел од пазарот со наркотици во Србија, но стои и зад серија киднапирања и ликвидации, започна во четвртокот.

Од тоа утро, речиси секој час полицијата открива нови детали и траги од крвавите злосторства на групата предводена од Беливук.

А сè започнало со обид да се прикријат трагите …

Еден од главните луѓе на белградското подземје, Вељко Беливук, беше уапсен рано наутро во четвртокот кај Рудник заедно со уште неколку членови на неговата група, додека оделе да ги запалат автомобилите што ги користеле за извршување злосторства.

Неговиот најблизок соработник Марко Миљковиќ е уапсен во истото време во Белград.

При упадот на полицијата и БИА во стадионот „Партизан“, биле пронајдени петнаесет лица од групата на Беливук кои се лишени од слобода.

За време на акцијата полицијата претресла околу 30 локации, а на некои од нив биле пронајдени повеќе сефови. Клучни докази за извршени ликвидации биле пронајдени во третиот „штек“, во викендица помеѓу Лозница и Горњи Милановац.

Во петокот полицијата ја откри вилата на Беливук во Звездара, која би требало да биде изградена по примерот на базата на поранешниот Земунски клан во улицата Шилерова во Земун.

Истиот ден, оперативците на Службата за организиран криминал упаднаа во просториите на локалната заедница во Банатски Брестовац, каде што оваа криминална група имала и свој центар за регрутирање, во чии рамки постоела и база со стрелиште што членовите ја користеле за да вежбаат пукање со огнено оружје.

Групата предводена од Вељко Невоља беше сослушана во петокот вечерта во зградата на Специјалното обвинителство во Белград.

Една од викендиците каде биле вршени злосторства е откриена еден ден подоцна во Ритопек.

Во текот на следниот ден, истрагата продолжи во викендицата во белградската населба Ритопек. За време на претресот, полицијата и жандармеријата користеле и кучиња трагачи, а се вклучила и специјална единица за нуркање.

Полицијата со денови ја пребаруваше областа околу оваа викендица бидејќи се сомнева дека во неа се извршени најтешки злосторства – тортури и убиства. Во куќата на хоророт се пронајдени материјални докази и траги на ДНК, кои ќе се користат во истрагата.

Прислушуваните разговори, како и снимките од Веља Неволjа, беа објавени на ТВ Пинк. На неколкуте снимки има и делови од комуникацијата помеѓу Беливук и еден од членовите на групата Марко Андриќ Кузман во врска со случајот на Милан Љeпоја од Ниш, поранешен член на бандата „Пинк пантери“.

Милан Љепоја е намамен да дојде во куќата на ужасот во Ритопек на крајот од 2020 г. после што, според зборовите на началникот на Управата за криминалистичка полиција, Богдан Пушиќ, му се губи секаква трага.

ЕУРО 2020

Македонија