петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 164
home Регион

(ВИДЕО) Невидено невреме во Црна Гора

(ВИДЕО) Невидено невреме во Црна Гора

Силното невреме, проследено со дожд и јужен ветар, кое денес ја зафати Црна Гора создаде проблеми во сообраќајот, поплавени се бројни објекти, а локалните служби за заштита и спасување интервенираат на теренот од раните утрински часови, додека најтешка е состојбата во Никшиќ и Колашин, градовите на северот на земјата и во Херцег Нови на брегот на Јадранското Море.

Во Никшиќ, поради прелевање на реката, спасувачите го евакуираат селото Броќонац, додека сообраќајот во одделни места во вториот по големина град во Црна Гора е во прекин.

Пожарникарите соопштија дека припадниците на службите за заштита се на терен од 4 часот наутро и дека имале голем број интервенции.

-Луѓето нѐ викаат од сите страни, заглавени или поплавени, кажа пожарникарот Душко Петковиќ.
Хаос во Црна Гора – поплави и одрони, нивоата на реките се невидено високи (ВИДЕО)
Силното невреме, проследено со дожд и јужен ветар, кое денес ја зафати Црна Гора создаде проблеми во сообраќајот, поплавени се бројни објекти, а локалните служби за заштита и спасување интервенираат на теренот од раните утрински часови, додека најтешка е состојбата во Никшиќ и Колашин, градовите на северот на земјата и во Херцег Нови на брегот на Јадранското Море.

Најтешка е ситуацијата во сливот на реката Бистрица, каде се поплавени мостовите. Водата им се заканува на објектите, додека имотите се веќе под вода, јавуваат медиумите. Патот од Подгорица кон Колашин, најфреквентниот пат кон северот на Црна Гора, е затворе поради одрони и поплави.