понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 20
home Регион

ВИДЕО: Најавено невреме во Хрватска – се очекуваат бранови до 6 метри и силни врнежи

ВИДЕО: Најавено невреме во Хрватска – се очекуваат бранови до 6 метри и силни врнежи

Голема бура на Јадранот. Во целото крајбрежје е прогласена состојба на вонредно предупредување од највисок степен – црвен метеоаларм, а времето, најавуваат метеоролозите, ќе биде опасно, пренесува хрватски Индекс Вијести.

ДХМЗ за Истра, Далмација и островите означи црвен метеоаларм, што значи исклучително опасно време. Со ваквите удари од југот, ДХМЗ предвидува отворени бранови од 4 до 6 метри. На крајбрежјето се очекуваат бранови и до 5 метри. Се очекуваат и силни врнежи.

Метеоролозите најавуваат дека на некои места би можело да наврне толку дожд колку за еден месец, па постои можност и од поплави.

Коронавирус