четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 114
home Регион

ВИДЕО: На хаосот во Загреб му нема крај, Милановиќ ја извади армијата на терен

ВИДЕО: На хаосот во Загреб му нема крај, Милановиќ ја извади армијата на терен

Жителите на Загреб утрово беа разбудени од силен земјотрес. Јачината на потресот, според хрватската сеизмолошка служба бил 5,3 степени според Рихтеровата скала, епицентарот бил седум километри северно од главниот град на длабочина од 10 километри. Тамошните медиуми јавуваат за причинети материјални штети на неколку места во престолнината.

Во Загреб, според противпожарната служба, има „заглавени“ граѓани. Материјални штети се забележани во централното подрачје, а делови од градот останаа без струја и вода. Едно 15 годишно дете е во критична состојба, а загрепчани претпладнево постојано чувствуваат тресење на тлото.

„Паника не е потребна во оваа ситуација. Здравствениуот сегмент е релативно задоволителен и приоритетно е да се види стабилност на конструкциите и усогласен став на сите во општеството. Имавме кризна ситуација со десет новороденчиња кои се сместени во КБ „Дубрава““, порача министерот за здравство Вили Берош.

Во меѓувреме, на улиците на Загреб, излезе и хрватската армија.

„Стравот од можеби посилен потрес е присутен кај сите нас, но тоа навистина не може да се предвиди, а камоли дали би бил посилен од првиот. Можеби ќе има денеска, можеби за 20 дена. Кога се случуваат вакви посилни потреси, вообичаено е да има и неколку послаби. Сметаме дека таа енергија е подобро да се распореди во неколку мали“, велат од сеизмолозите.

По првиот потрес утрово, следуваат уште неколку од кои два посилни. Јачината на едниот земјотрес бил пет степени, а третиот земјотрес што е регистриран околу 7:40 часот бил со јачина од 3,7 степени. Полицијата ги предупредила граѓаните да излегуваат веднаш од домовите, да се оддалечат од зградите, без разлика дали се оштетени или не. Сепак, од граѓаните се бара да се оддалечат едни од други, со оглед на епидемиолошката криза.

Претседателот Зоран Милановиќ бил евакуиран од неговиот стан.

„Во овој момент е важно да се слуша Владата и службите. Слушајте ги вестите што ги имаат надлежните. Тие постојат за ваквите ситуации, се друго може да игнорирате. Потресот утрово беше 5,5 степени по Рихтеровата скала и најсилен е во последните 140 години. Има бројни оштетувања. Бидете внимателни и препорачуваме да останете пред домовите“, им порача премиерот Зоран Милановиќ на жителите на Загреб.

Според директорот на детската болница во Загреб, Горан Роиќ, повреденото 15 годишно дете е во „многу критична состојба, но дека се преземаат натамошни мерки и дијагностика“ за негово подобрување.

Коронавирус