вторник, 22. јуни 2021. Вести денес: 15
home Регион

(Видео) Лидерот на Двери предизвика инцидент во српското Собрание

(Видео) Лидерот на Двери предизвика инцидент во српското Собрание

Обезбедувањето во српскиот парламент денеска го исфрли од салата лидерот на Двери и пратеник Бошко Обрадовиќ, откако на почетокот на седницата тој влезе дувајќи во свиралка.

Поради ова, тој беше двапати предупреден од страна на претседателката на парламентот, која реши и да го исклучи од седницата, но тој одби да ја напушти.

По две паузи, Обрадовиќ бил исфрлен од обезбедувањето по наредба на претседателката на Собранието, Маја Гојковиќ, а додека траела мешаницата тој со себе го повлекол и државното знаме, пренесува „Блиц“.

Инцидентот се случил додека на агендата на српскиот парламент е владината одлука за укинување на вонредната состојба поради коронавирусот.

Седницата продолжила по нормалниот дневен ред откако Обрадовиќ бил отстранет од неа.

ЕУРО 2020

Македонија