вторник, 20. април 2021. Вести денес: 0
home Регион

ВИДЕО+ФОТО: Албанија како бојно поле – фотографии од протестот во Албанија се споделуваат низ целиот свет

ВИДЕО+ФОТО: Албанија како бојно поле – фотографии од протестот во Албанија се споделуваат низ целиот свет

Повеќе од стотина Албанци излегле во средата вечерта на улица во Тирана поради убиството на 25-годишното момче Клодијан Раше кое го прекрши полицискиот час воведен поради сузбивање на коронавирусот.

Раше го прекршил полицискиот час и не застанал на барање на полицијата.

Демонстрантите кои ја прекршиле забраната на собирање на повеќе од 10 лица, набрзо се соочиле со полицијата. Фрлале камења кон полицајците и кон зградата на Владата, Министерството за внатрешни работи и Собранието на Тирана.

Се обиделе да упаднат и во комплексот на Владата во кој е кабиентот на премиерот Еди Рама, но полицијата ги растерала со солзавец.

Претставник на полицијата во Тирана изјавил дека најмалку девет полицајци биле повредени и дека демонстрантите оштетиле неколку полициски возила.

Демонстрантите извикувале „Рама заминувај“ и „Јас сум Клодијан“.

Премиерот Рама во меѓувреме заминал во САД за да преговара за набавка на вакцините, но исто така бил фотографиран како е на шопинг.

Коронавирус