недела, 13. октомври 2019. Вести денес: 105
home Регион

ВИДЕО: Еве како почна пожарот во Грција во кој настрадаа 96 лица

ВИДЕО: Еве како почна пожарот во Грција во кој настрадаа 96 лица

Видео снимено од безбедносна камера на куќа од почетокот и ширењето на катастрофалниот пожар во источниот дел на областа Атина објави денеска онлајн изданието на грчкиот весник „Катимерини“

Како што јави дописничката на МИА од Атина, на видеото се гледа дека пожарот од 23 јули што одзеде 96 животи, започнува во 16:41 во местото Дау Пендели, а огнените јазици за само неколку минути со голема брзина се шират кон населбите Неос Вуѕас и Мати

-Според очевидци, пожарот го предизвика жител на областа кој се обидел да пали суви гранки, пишува „Катимерини“ во објавеното видео.

МИА