четврток, 23. мај 2019. Вести денес: 134
home Регион

ВИДЕО: Црвен аларм во БИХ- Водата носи се пред себе, вонредна состојба

ВИДЕО: Црвен аларм во БИХ- Водата носи се пред себе, вонредна состојба

Во Босна и Херцеговина наврна голема количина на дожд, посебно на некои места од земјата, кадешто се поплавени голем број на куќи и полиња, а во Бања Лука е прогласена вонредна состојба. Селаните останале будни цела ноќ и се бореле со огромната количина на вода, соопштуваат медиумите од регионот.

Градоначалникот на Бања Лука Игор Радојчиќ прогласи вонредна состојба во дел од градските општини, но изутринава информираше дека состојбата полека се нормализира и оти засега нема закана од поголеми поплави. Во делови на градот Добој беше наложена евакуација на населението.

Поплави од поголем интензитет се забележани на подрачјето на Маглај, а најкритично беше во маглајските села, каде надојдената вода веќе предизвика голема штета на станбените и помошните објекти.