среда, 21. август 2019. Вести денес: 86
home Регион

ВИДЕО: Црн биланс од нападот во Сомалија – погина екс-министерот за надворешни работи

ВИДЕО: Црн биланс од нападот во Сомалија – погина екс-министерот за надворешни работи

Најмалку девет лица загинале денеска, вклучувајќи го и поранешниот министер за надворешни работи на Сомалија, кога исламски екстремисти активирале авто бомба во близина на претседателската палата во Могадиша, соопштила полицијата.

Меѓу загинатите е и поранешниот шеф на дипломатијата Хусеин Елабе Фахије, кој бил советник на актуелниот претседател на Сомалија, јавува АП. Во експлозијата ранети се 13 лица, а станува збор за војници.

Одговорност за нападот преземала екстремистичката група во Сомалија, Ал Шабаб, која соопштила дека мета ѝ биле возилата на владините функционери.

Авто бомбата експлодирала на контролниот пункт во близина на претседателската палата, додека војниците ги проверувале возилата на главниот автопат.