четврток, 19. септември 2019. Вести денес: 0
home Регион

ВИДЕО: Борисов и Ципрас се возеа во џип без обезбедување

ВИДЕО: Борисов и Ципрас се возеа во џип без обезбедување

Бугарскиот премиер Бојко Борисов откако го пречека својот грчки колега Ципрас го извози во џип, до местото каде што е планирано да помине интерконекторот за природен гас меѓу Грција и Бугарија.

Во јужниот дел на соседна Бугарија, во селото Кирково денеска двајцата премиери ќе го означат почетокот на изградбата на интерконекторот меѓу двете земји.

Борисов, откако го пречека својот грчки колега го извози до местото каде што ќе поминува интерконекторот за да ги поздрават насобраните граѓани. Тој додека се возеа му зборуваше на колегата дека за време на избори најчесто неговата парија се бори за глас повеќе со останатите политички партии во Бугарија, но по завршувањето на изборите мештаните си продолжуваат да живеат во љубов, слога и заедништво. Тој истакна дека во овој дел од земјата има граѓани од повеќе вери и малцинства, бугари, турци, мулимани, православни, грци и други кои живеат убаво доколку никој не ги провоцира.

Медиумите од соседството пренесуваат дека Борисов и Ципрас ќе одржат состанок со четири очи за да разговараат за соработката помеѓу Бугарија и Грција, како и енергетските, инфраструктурните и транспортните врски во балканскиот регион. Интерконекторот помеѓу Бугарија и Грција е еден од приоритетните проекти за безбедност и конкурентност на енергетскиот пазар во Европската унија.