сабота, 7. декември 2019. Вести денес: 0
home Регион

ВИДЕО: Акција на полицијата- приведени шпедитер, директори, службеници во министерства

ВИДЕО: Акција на полицијата- приведени шпедитер, директори, службеници во министерства

Во координирана акција на припадници на Безбедносно-информативната агенција (БИА), Одделението за борба против корупција на МВР Србија и Вишото јавно обвинителство во Белград, уапсени се повеќе лица поради сомнение дека извршиле кривичмно дело трговија под влијание, велат од БИА.

Уапсени се Бојан Мишиќ, шпедитер од Ниш и сопственик и директор на BRW CARS, Драшко Кандиќ, службеник во фирмата TRACE SERBIA, Небојша Нешиќ, сопственик и директор на фирмата ХЕРБА ФАРМА, и Миленко Никиќ, високорангиран службеник во Министерството за работа и вработување, боречка и социјални прашања во Владата на Србија.

Според првичните информаии, апсењето било во Пожега, па наводно во тој град утринава е уапсен врвот на тамошното општинско раководство, јавуваат белградските медиуми.

Како што е наведено, тие противправно барале од невладината огранизација „28. јуни“ паричен надоместок во износ од 37.000 евра за да овозможат непречен увоз на медицинска опрема која претставниците од таа хуманитарна организација ги собрале и ги упатиле во здравствените установи во Ниш, како и повратни српски средини во Хрватска.

На осомничените им е одредено задржување во притвор во трање од 48 часа.