сабота, 22. септември 2018. Вести денес: 53
home Регион

Весели: Нема да има промена на граници, ниту размена на територии

Весели: Нема да има промена на граници, ниту размена на територии

Претседателот на косовскиот Парламент Кадри Весели изјави дека нема да има промена на границите на Косово или размена на територии во рамки на дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Во изјава за Дојче Веле тој рече дека преговорите меѓу Белград и Приштина ќе завршат со „признавање на независна и суверена држава Косово”.

– Ќе има недопирливост на нашата државна територија и целосен суверенитет. Нема да има Заедница на српски општини со извршна надлежност со која се загрозуваат уставниот поредок и територијалниот интегритет на Косово, изјави тој за Дојче Веле за време на посетата на Тирана. (МИА)