петок, 24. септември 2021. Вести денес: 134
home Регион

Весели го поддржува Харадинај, но бара укинување на царините за Србија и за БиХ

Весели го поддржува Харадинај, но бара укинување на царините за Србија и за БиХ

Претседателот на косовското Собрание Кадри Весели синоќа ја отфрли можноста за пад на владата во Косово, но повтори дека царините за стоки од Србија и од БиХ треба да се укинат на 120 дена.

– Ние имаме различни ставови со премиерот Рамуш Харадинај за царините, и тоа јавно го кажав, рече Весели, лидер на Демократската партија на Косово. Тој додаде дека на Владата и на Харадинај треба да им се даде шанса.

Весели изјави дека идните одлуки на Приштина треба да се носат во соработка со САД и западните партнери.

– Косово со САД задржува се, без нив, без меѓународна поддршка, ризикува се, потенцира Весели.

Коронавирус