сабота, 15. август 2020. Вести денес: 62
home Регион

Веќе 7 дена нема нови случаи на коронавирус на Малта

Веќе 7 дена нема нови случаи на коронавирус на Малта

Нов случај на инфекција не е регистриран на Малта веќе една недела, за прв пат од 7 март кога коронавирусот беше откриен во таа островска земја.

Министерот за здравство Крис Фирна потврди на Твитер дека нема нови случаи веќе една недела. Последното новозаболено лице е регистрирано на 9 јули, пренесува „Ројтерс“.

„Сè уште мора да бидеме внимателни за да го одржиме овој успех“, рече министерот.

Во Малта се пријавени 674 заразени со Ковид-19. Девет лица починаа во текот на четирите месеци од пандемијата, а останатите заболени оздравеа.

Овој медитерански остров успеа успешно да се справи со пандемијата благодарение на фактот дека е мал, а многу луѓе се тестираат и внимателно се следат контактите на заразените.

Сепак, економијата на Малта е силно погодена, па беа принудени да го затворат аеродромот, а приходите од туризам учествуваат со третина од БДП на земјата.

Авионскиот сообраќај е повторно воспоставен од 1 јули, а од вчера е проширен списокот на линии кон 50 земји.

Коронавирус