вторник, 20. април 2021. Вести денес: 0
home Регион

Вдовицата на Оливер Ивановиќ стана дел од партијата на Вучиќ

Вдовицата на Оливер Ивановиќ стана дел од партијата на Вучиќ

Милена Иановиќ, сопругата на убиениот лидер на Граѓанската иницијатива „Србија, демократија, правда“ Оливер Ивановиќ се зачлени во партијата СНС.

Партискиот функционер и директор на Канцеларијата за Косово, Марко Ѓуриќ ја објави оваа информација додавајќи дека СНС денес станала побогата за личност со невидена енергија, истрајност и пожртвуваност за своето семејство во Србија.

-Со нови лице, нова сила и Александар Вучиќ на чело, ќе продолжиме заедно да ја креваме Србија, напиша Ѓуриќ.

Оливер Ивановиќ беше убиен на 16 јануари 2018 година пред просториите на граѓанската иницијатива во Косовска Митровица.

Коронавирус