сабота, 6. јуни 2020. Вести денес: 17
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Регион

Ваква е состојбата во регионот: Србија има најмногу заразени со коронавирус, а најмалку се од Црна Гора

Ваква е состојбата во регионот: Србија има најмногу заразени со коронавирус, а најмалку се од Црна Гора

Од земјите во регионот, во Србија се потврдени најголем број случаи на коронавирус, додека во Црна Гора најмалку.

Бројот на заболени од коронавирус во Србија се искачи на 2.867. Во последните 24 часа потврдени се 201 нов случај од 2.867 тестирани. Од вирусот регистрирани се 66 смртни случаи, а околу 75.000 луѓе се во самоизолација. Просечната возраст на починатите е 64, 6 години.

До 8 април се тестирани 12.374 луѓе. Најголем број заболени има во Белград. Во Србија хоспитализирани се 1.891 пациент.

Во Хрватска за 24 часа се потврдени 64 нови заразени, 40 лица оздравеле, а едно лице починало од коронавирус. Вкупниот број на потврдени случаи е 1.407. Вкупно се направени 13.680 тестови, а во последните 24 часа 555.

Последната жртва е повозрасен маж кој имал други болести. Во Хрватска починаа вкупно 20 луѓе од Ковид-19. Вкупно закпрепнале 219 луѓе. Хопитализирани се 326 пациенти.

Во Црна Гора во последните 24 часа се регистрирани три нови случаи, со што вкупниот број се искачи на 252.

Во Босна и Херцеговина се регистрирани 842 случаи на Ковид-19, а бројот на починати е 35.

Во Словенија потврдени се 1.091 случај, 40 смртни случаи, а тестирани се 29.455 луѓе.

Во Албанија се регистрирани 17 нови случаи, а вкупниот број на заболени достигна 400. Починале 22 лица, а излекувани се 154.

Коронавирус