четврток, 17. октомври 2019. Вести денес: 0
home Регион

Ужасно невреме во Загреб: Повеќе од 700 интервенции, петмина повредени и многу штета (ФОТО)

Ужасно невреме во Загреб: Повеќе од 700 интервенции, петмина повредени и многу штета (ФОТО)

Градските служби во Загреб вчера имале повеќе од 700 интервенции, а пет лица се повредени поради силниот ветер кој дува од неделата.

Ветрот на подрачјето на Загреб речиси целиот ден уривал стебла, реклами, чадори за сонце, покриви и делови од фасади.

Улиците на главниот град на Хрватска се полни со искршени гранки, а имало проблем и во градскиот сообраќај.

Некаде се забележани и скршени семафори, а итните медицински служби и пожарникарите интервенирале во текот на целиот ден. Полицијата ги предупредила граѓаните да не излегуваат од своите домови доколку не е неопходно.

Државниот метеоролошки завод издаде предупредување за речиси цела земја поради појава на силен ветер и екстремни количества врнежи од дожд.