среда, 8. декември 2021. Вести денес: 107
home Регион

УЖАСНА ГЛЕТКА: Маж со коронавирус во инвалидска количка не дочека да биде згрижен во болница (ФОТО)

УЖАСНА ГЛЕТКА: Маж со коронавирус во инвалидска количка не дочека да биде згрижен во болница (ФОТО)

Ужасни и потресни фотографии утринава доаѓаат од соседството.

Имено во една од КОВИД болниците во Србија, поточно во Панчево се случила вистинска трагедија.

Немилиот настан се случил вчера кога лице во инвалидска количка најверојатно заболено со коронавирус не го дочекал својот прием во болницата.

Сведокот за српските медиуми вели дека прво го забележал околу 14.30 часот кога го донеле од брзата помош и го оставиле пред вратата, а околу 16 часот кога повторно поминал од истото место тој бил прекриен со чаршаф што значи дека починал.

„Срамота е што уште сме луѓе. Срамота е што човекот не дочека медицинска помош среде улица пред влезот на КОВИД амбулантата. Срамота е што починат човек се остава да чека некаква инспекција прекриен само со бел чаршав на топлото сонце“, вели сведокот на овој немил настан.

Коронавирус