среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 70
home Регион

Ужас во соседството: Моден креатор нападнал тинејџер, во пијалакот му ставил прашок за потенција

Ужас во соседството: Моден креатор нападнал тинејџер, во пијалакот му ставил прашок за потенција

Српскиот моден креатор Дарко Костиќ е сослушан во обвинителството во Белград, каде се бранел со молчење.

Дизајнерот денеска беше приведен на сослушување, а како што пишуваат српските медиуми се очекува и одлука за притвор.

Костиќ прво измамил 15-годишно момче да дојде во неговиот стан, па му ставил камагра (препарат за потенција) во пијалакот, па потоа го удирал со тупаници по главата и му ја искинал маицата, бидејќи момчето не сакало да се омажи за него.

Полицијата по претресот, во станот пронашла траги од наркотици.

Модниот дизајнер, бил приведен откако малолетникот го пријавил за полово вознемирување. Тој во полицијата изјавил дека Костиќ го пронајде преку социјалната мрежа Фејсбук и контактирал со него, а потоа го повикал во студиото да го фотографира.

И покрај тоа што добил ерекција од прашокот во пијалакот, не е хомосексуалец и не сакал сексуален однос со дизајнерот. Поради тоа Костиќ се изнервирал и три пати го удрил по главата

Коронавирус