понеделник, 19. ноември 2018. Вести денес: 12
home Регион

Ужас во Хрватска: Жена облечена во црно влегла во туѓа куќа и пробала да украде бебе

Ужас во Хрватска: Жена облечена во црно влегла во туѓа куќа и пробала да украде бебе

Вистинска драма се одиграла синоќа во местото Плетерница покрај Пожега во Хрватска, кога непозната жена со долга коса, облечена во црно влегла во една куќа во населбата и пробала да украде бебе.

Таткото панично повикал полиција нешто пред 20 часот и го пријавил случајот.

-Беше околу 20:25 часот кога во куќата влезе непозната жена. Имаше црна долга коса, беше облечена во црн дуксер, имаше долг фустан и сјајни папучи на нозете, така непозната личност ми ја опиша сопругата. Според неа жената имала меѓу 20 и 30 години, најверојатно изненадена што во собата ја видела мојата сопруга брзо ја напуштила куќата, му кажал полицаецот на уплашениот татко.

Тој смета дека жената имала намера да го украде нивното бебе, затоа што од куќата и другите простории не е ништо однесено.

-Доколку во некој случај мојата сопруга била во кујната или во некоја друга просторија, нашето дете немаше да го има више, кажал мажот.

-Полицијата во Плетерници во средата доби пријава од маж, веднаш излегле и извршиле увид, но не се пронајдени никакви елементи кривично дело, ниту опишаната жена, кажала Николина Јанковиќ, портпаролката на пожеско- славонската полиција.