сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 0
home Регион

УЖАС КОЈ НЕ СЕ ПАМЕТИ ВО РЕГИОНОТ: Автомобил покоси дете, родителите обидувајќи да го спасат ги удри друг автомобил (ВИДЕО)

УЖАС КОЈ НЕ СЕ ПАМЕТИ ВО РЕГИОНОТ: Автомобил покоси дете, родителите обидувајќи да го спасат ги удри друг автомобил (ВИДЕО)

Морничава сообраќајна несреќа се случила вчера на улица во босанскиот град Бијељина – 14-годишно дете загинало откако прво било удрено од еден, а потоа врз него налетал уште еден автомобил, во моментите кога мајката и таткото на детето се обидувале да му помогнат.

Родителите се тешко повредени, а и двајцата возачи избегале од местото на несреќата, јави агенцијата Срна.

Сѐ се случило за само неколку минути. Во првата несреќа, возило удрило во детето на патот, по што возачот избегал и полицијата трага по него.

Додека мајката и таткото грчевито се обидувале да му пружат помош на момчетот, со голема брзина налетал втор автомобил и ги покосил сите тројца членови на семејството, кои биле на коловозот.

Коронавирус